• петок, 27 декември 2024

Русија изврши напади врз Украина со ракети и дронови

Русија изврши напади врз Украина со ракети и дронови

Киев, 31 март 2024 (МИА) – Русија изминатата ноќ лансирала 16 проектили и 11 дронови кон Украина, при што загинало најмалку едно лице, соопшти украинското воздухопловство.

Гувернерот на украинската област Лавов во западниот дел на земјата соопшти дека во текот на ноѓта е убиено едно лице.

- Вечерва непријателот ја нападна со крстосувачки ракети истата важна инфраструктура која претходно беше цел на 24 и 29 март. Оштетена е управната зграда, соопшти гувернерот Максим Козицки на Телеграм.

- Еден човек загина во нападот, додаде тој.

Украинските воздухопловни сили во објава на Телеграм соопштија дека успеале да соборат девет дронови и девет проектили.

Во текот на изминатата недела, Русија значително ги засили воздушните напади врз украинските енергетски постројки, предизвикувајќи значителна штета и оставајќи ги Украинците да стравуваат од нови прекини на струјата како во првата зима од војната.

Најголемата украинска приватна енергетска компанија ДТЕК вчера соопшти дека пет од нејзините шест електрани биле оштетени или уништени со изгубен 80 отсто од нивниот производствен капацитет. Поправките може да траат до 18 месеци. јт/

Остани поврзан