• сабота, 23 ноември 2024

Русија за 50 отсто ја намали испораката на гас за Италија

Русија за 50 отсто ја намали испораката на гас за Италија
Рим, 17 јуни 2022 (МИА) - Рускиот енергетски гигант „Газпром“ го намали извозот на гас од Италија за 50 отсто, соопшти денеска италијанската енергетска компанија „ЕНИ“. „Газпром“ му вети на Рим само половина од 63 милиони кубни метри гас нарачани за денеска, информираше „ЕНИ“. Снабдувањето со гас е веќе намалено оваа недела за 15 отсто во средата и 35 проценти вчера. Русија го прекина или намали снабдувањето со гас за неколку европски земји во изминатите неколку недели, поради споровите околу санкциите на Западот воведени кон Москва за нејзината инвазија на Украина. Испораките за Германија беа намалени за 60 отсто оваа недела преку гасоводот „Северен поток“ во Балтичкото Море. Комесарот за економија на Европската Комисија, Паоло Џентилони, вчера предупреди дека стариот континент би можел да влезе во рецесија, доколку се прекине снабдувањето со гас од Русија. бд/зш/

Остани поврзан