• среда, 25 декември 2024

Русија започна нов бран воздушни напади низ Украина

Русија започна нов бран воздушни напади низ Украина

Киев,19 октомври 2024 (МИА) - Воздухопловни тревоги се огласија над многу делови на Украина во раните утрински часови, додека Русија започна нови напади со беспилотни летала, глајд-бомби и крстаречки ракети, јави ДПА.

Зафатени се околу 15 региони, вклучително и Миколаев на југ и Днепропетровск во центарот на земјата, напиша на Телеграма службата за воздушна одбрана на Украина.

Според властите, седум лица се повредени во напад со беспилотни летала и бомби во источниот дел на Суми, кој е блиску до фронтот.

Уништени се и делови од енергетската инфраструктура, која повеќепати беше напаѓана од Русија.

Властите ги повикаа луѓето да се засолнат во засолништата за воздушни напади. Во текот на ноќта и главниот град Киев прогласи тревога за воздушен напад.

Според градоначалникот Виталиј Кличко, една жена била повредена кога остатоци од дронот што бил соборен паднале низ прозорец во нејзиниот стан. Жената била пренесена во болница на операција.

Властите за противвоздушна одбрана во Киев соопштија дека се уништени сите непријателски беспилотни летала околу главниот град.

Украина речиси 1.000 дена се бори да одбие целосна руска инвазија. Земјата бара повеќе системи за воздушна одбрана од своите западни сојузници за подобро да ги заштити своите градови од постојаните воздушни напади. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан