• сабота, 23 ноември 2024

Русија го презеде едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН

Русија го презеде едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН

Њујорк, 1 јули 2024 (МИА) - Русија денеска го презеде едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја претходно изјави дека за овој месец се планирани три клучни настани.

Првата седница на Советот за безбедност под раководство на Русија ќе се одржи денеска во првата половина од денот по њујоршко време, а на неа ќе биде одобрена и работната програма за наредниот месец.

По неа Небензја ќе одржи прес-конференција и затворен брифинг за членовите на Генералното собрание на ОН.

Се очекува главните настани на руското претседателство да се одржат кон средината на месецот и ќе бидат посветени на градење поправеден, подемократски и поодржлив светски поредфок, регулирање на блискоисточното прашање, како и соработката на ОН со Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO), Заедницата на независни држави (ЗНД) и Шангајската организација за соработка (SCO).

Дополнително, како што претходно најави Небензја, ќе биде покрената и темата за украинскиот напад на Севастопол со тактички ракети „ATACMS“ опремени со касетни боеви глави.

СБ на ОН овој месец ќе одржи дваесетина отворени седници и затворени консултации.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан