• сабота, 21 декември 2024

Русија воведе забрани за влез на високи членови на администрацијата на Бајден

Русија воведе забрани за влез на високи членови на администрацијата на Бајден
Москва, 16 април 2021 (МИА) – Русија денеска воведе забрани за влез на високи американски функционери, меѓу кои и јавниот обвинител Мерик Гарланд и секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас, соопшти денеска руското Министерството за надворешни работи. Покрај овие двајца членови на кабинетот на претседателот Џо Бајден, на списокот има уште шест лица на кои им е забранет влез во земјата, јави ДПА. Меѓу нив се директорот на ФБИ Кристофер Вреј, директор на националното разузнавање Аврил Хајнс и Сузан Рајс, која е шеф на Советот за внатрешна политика и директорот на Бирото за затвори Мајкл Карвахал. Во Русија забрането им е да влезат и на поранешниот директор на ЦИА Р Џејмс Вулси јуниор и Џон Болтон, кои беше советник за национална безбедност на поранешниот претседател Доналд Трамп. Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се вели дека сите лица биле „вклучени во развојот и спроведувањето на курсот за антируска политика“ на САД. јт/

Остани поврзан