• среда, 27 ноември 2024

Русија, Белорусија и Мјанмар не добија покана за присуство на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора

Русија, Белорусија и Мјанмар не добија покана за присуство на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора
Лондон, 13 септември 2022 (МИА) - Велика Британија не повика претставници на Русија, Белорусија и на Мјанмар да присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи следниот понеделник. Информацијата ја даде извор од Вајтхол. Како што јави Би-би-си, околу 500 достоинственици од целиот свет ќе присуствуваат на погребот на кралицата. За најголем дел земји, повикот се однесува на шефот на државата плус еден гостин. бд/сд/

Остани поврзан