• сабота, 23 ноември 2024

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот
Киев, 24 март 2022 (МИА)   Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска изјави дека доколку мировниците на НАТО дојдат во Украина, постои опасност од Трета светска војна и во тој случај Белорусија нема да остане на страна. Заедничка изјава од Самитот на НАТО: Најостра осуда за неиспровоцираната војна која Русија ја води против Украина. Го повикуваме претседателот (Владимир) Путин веднаш да ја прекине оваа војна и да ги повлече воените сили од Украина и ја повикуваме Белорусија да стави крај на соучесништвото, во согласност со Резолуцијата против агресијата врз Украина, усвоена на Генералното собрание на ОН од 2 март 2022 година, се наведува во денешната заедничка изјава на лидерите од земјите-членки на НАТО. Столтенберг: Хемиското оружје „целосно ќе ја промени природата на конфликтот“. Столтенберг посочи дека Русија користела хемиски агенси во минатото – вклучително и во Солсбери. Ова прашање ја истакнува важноста од завршување на војната, вели тој, додавајќи дека „ова е опасна ситуација“. САД се подготвуваат да прифатат до 100. 000 украински бегалци. Од почетокот на инвазијата на Русија врз Укрина земјата досегз ја напуштија над 3,6 милиони лица, од кои повеќето се уптатија во Полска. Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска ја повика Шведска да помогне во обнова на Украина, еден месец откако ја нападна Русија. Руско МНР: Ќе одговориме на протерувањето на дипломатите од Полска. „Русија нема да го остави без одговор овој непријателски напад, што ќе ги натера полските провокатори да размислуваат и што ќе ги повреди“, се наведува во соопштението на руското министерство. Кремљ ги негира гласините за здравjето на министерот за одбрана Шојгу. Министерот за одбрана е многу зафатен, рече прес-секретарот на Кремљ Дмитриј Песков, додавајќи дека е „сосема разбирливо“ што ова не е момент за појавување во медиумите. Велика Британија најави 65 нови санкции за руски компании и олигарси. Меѓу санкционираните е и Вагнер групата. Организацијата е група платеници која првпат беше идентификувана во 2014 година кога ги поддржуваше проруските сепаратисти во конфликтот во источна Украина. Украинското знаме подигнато во Херсон, градот окупиран од Русија Клаус Јоханис: НАТО одобри распоредување борбени единици во Романија. „Веќе имаме многу добри вести“ е коментарот на Јоханис на одлуката на НАТО, појаснувајќи дека распоредувањето војници е на барање на Романија додека Франција ќе биде предводник на единиците во земјата. Песков: Абрамович беше дел од првата фаза преговори, Русија има сојузници во Европа Анонимус ја хакираа Централната банка на Русија, најавија објавување на тајни податоци. Анонимус ја хакираа Централната банка на Русија, најавија објавување на тајни податоци. Обединети сме во осудувањето на неиспровоцираната агресија на Кремљ и во нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во воведниот говор на денешниот самит на НАТО. Украинскиот претседател Володомир Зеленски во денешното обраќање преку видео-линк на НАТО Самитот во Брисел ја обвини Русија дека при инвазијата на неговата земја употребила фосфорни бомби. Повторно, деца умираат, луѓе умираат, изјави тој пред лидерите на шефовите на држави или влади од земјите-членки на НАТО. Велика Британија најави 65 нови санкции за руски компании и олигарси. Покрај Вагнер групата, платениците кои рускиот претседател, Владимир Путин, наводно, ги ангажирал за да го убијат неговиот украински колега, Володимир Зеленски, меѓу нив е и државната компанија Руски железници. УНИЦЕФ: Половина од децата во Украина приморани да ги напуштат домовите. „Тоа е неверојатно. Од почетокот на војната пред еден месец од сите деца во земјата секое второ морало да го напушти својот дом“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, кој додаде дека доколку војната не престане се повеќе од децата во Украина ќе бидат приморани да заминат од дома.  

Остани поврзан