• петок, 27 декември 2024

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот
22 март 2022 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за украинскиот радиодифузер Суспилне инсистираше на средба „во кој било облик“ со рускиот претседател Владимир Путин за „запирање на војната“ во Украина. Руската армија денеска соопшти дека ќе продолжи да ја користи својата најсовремена хиперсонична ракета за гаѓање исклучително важни цели во Украина. Русија достави до Црвениот крст податоци за повеќе од 500 заробени Украинци кои е подготвена да ги размени за заробени Руси, изјави денеска руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова. Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека министрите за надворешни разговарале за можни нови санкции во енергетскиот сектор, но не очекува одлука оваа недела, Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека сите компромиси со Русија ќе треба да бидат ставени на референдум во Украина. Гувернерот на украинската област Запорожје, Олександр Старух денеска изјави дека во одвоени инциденти повредени се четири деца. Тој исто така наведе дека руските сили гранатирале автобус со кој се евакуирале цивили од линијата на фронтот.

Белорусија, близок руски сојузник, наскоро би можела да ја нападне Украина и се подготвува да и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје на белоруска територија, изјави висок разузнавачки претставник на НАТО.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека Алијансата е загрижена оти белоруски трупи би можеле да се приклучат на борбата во Украина. Зеленски: Украина нема да ги прифати руските ултиматуми за завршување на војната. Зеленски во интервју за европските медиуми изјави дека Украина никогаш нема да попушти пред ултиматумот од Русија и градовите како Киев, Мариупол или Харков нема да прифатат руска окупација. Ниту една страна не се откажува во конфликтот, вели висок претставник на НАТО. Висок претставник на разузнавањето на НАТО изјави дека знаците укажуваат на застој во војната на Русија против Украина. Руските и украинските мировни преговарачи вчера одржаа 90-минутен видео-повик, а работните групи продолжија со разговори и во текот на денот. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, вчера изјави дека нема да има прекин на огнот во Украина за време на преговорите со Киев, бидејќи украинската страна постојано го прекршувала договорот. Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, претходно изјави дека преговорите би можеле да траат неколку недели. Според него, основно барање на Киев е прекин на огнот, повлекување на армијата и политичко решавање на спорните територии. Израелскиот премиер Нафтали Бенет, кој настојува да посредува во руско-украинскиот конфликт, денеска изјави дека и понатаму постои голем јаз меѓу двете земји и покрај одредениот напредок. – Има уште долг пат, бидејќи постојат неколку спорни прашање, некои се фундаментални, тврди Бенет. Властите во најголемото украинско пристаниште Одеса соопштија дека руските поморски сили во Црното Море гранатирале некои станбени згради на периферијата од градот. Руската морнарица ја блокира Одеса, која се смета за главна стратешка и симболична цел за Русија. Русија објави дека низ Црно Море слободно пловат 420 украински мини, на што Украина возврати дека се тоа целосни дезинформации. Црно Море е важен трговски пат за житариците, нафтата и нафтените производи. Пристанишната управа „Новоросијск“ соотпшти дека е загрозен транспортот во западниот дел на Црното Море.

Остани поврзан