• сабота, 23 ноември 2024

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот
Киев, 23 март 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 100.000 луѓе во Мариупол се без храна, вода и лекови. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе има виртуелно обраќање на Самитот на НАТО, што ќе се одржи в четврток во Брисел, изјави неименуван извор на Алијансата. Општина Мариупол соопшти дека градот денеска бил погоден од две „супермоќни бомби“, но не наведе дали има жртви. На повидок нема договор за прекин на огнот во Украина, се наведува во соопштението на Елисејската палата по денешниот телефонски разговор на францускиот и рускиот претседател Емануел Макрон и Владимир Путин. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење. Песков наведува дека целта на руската инвазија врз Украина не е окупација на земјата, пренесе Тасс. Кремљ: Путин телефонски разговараше со Макрон.Разговорот е одржан на иницијатива на шефот на француската држава. Тие разговарале за ситуацијата во Украина, како и напредокот на актуелните преговори меѓу руските и украинските претставници. Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович денеска изјави дека за Русија и понатаму приоритет е преземање контрола врз Киев, но оти таквиот обид би бил „самоубиство“ за Москва. Според него „активните напади“ помеѓу двете страни би можеле да завршат за две до три седмици. Верешчук: Најмалку 100.000 цивили сакаат да побегнат од Мариупол, но нема безбедни коридори Турција бара НАТО да се фокусира на прекин на огнот во Украина. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека фокусот на овонеделниот состанок на НАТО треба да биде ставен на начините за постигнување примирје во Украина, а не само санкциите. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска повика на итен прекин на „апсурдната војна“ во Украина, предупредувајќи дека конфликтот „не води никаде“, а украинскиот народ „минува низ вистински пекол“. „Билд“: Спречен четврти обид за атентат врз Зеленски, уапсена група руски диверзанти Украинско МНР: Во Херсон снемува храна и лекови за 300.000 лица. Портпаролот на украинското Министерство, Олег Николенко, на Твитер напиша дека 300.000 жители на Херсон се соочуваат со хуманитарна катастрофа поради блокадата на руската армија.  

Остани поврзан