• сабота, 28 декември 2024

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот  

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот  
Киев, 25 март 2022 (МИА)   Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги отфрли барањата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кои ги претстави пред Советот на Европа, бидејќи не се совпаѓаат со унгарските интереси. – Не дозволуваме Унгарија да биде вмешана во војна. Нема да испраќаме војници или оружје во Украина. Унгарија за нас е на прво место, напиша Орбан на Фејсбук. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека војната во Украина ги засега сите во Европа, бидејќи не се знае која е крајната цел на рускиот претседател Владимир Путин. Руската армија денеска првпат од почетокот на месецов соопшти колку нејзини припадници загинале во инвазијата врз Украина. Русија извести дека загинале 1.351 војник, а 3.825 се повредени, додека Украинците тврдат дека убиле над 15.000. Бајден пристигна во Полска и вети дека САД ќе помогнат и воено и хуманитарно во украинската криза. Украина тврди дека Русите го изолирале градот Славутич во кој живеат работниците од централата во Ченобил. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред шефовите на држави во Советот на ЕУ во Брисел. Прво зборуваше за уништувањето на земјата од страна на Русија и нанесените штети, но и се заблагодари за сплотеноста на Европа во поддршката на Украина. „Руската војска не гледа што е достоинство. Не знаат што е совест. Не разбираат зошто толку ја цениме нашата слобода. Тоа е она што одредува како ќе живее земјата, рече тој. Ердоган: Мораме Путин да го охрабриме „чесно“ да излезе од Украина и да го заврши конфликтот Рускиот претседател Владимир Путин денеска го спореди отстранувањето на руските уметници од културните програми во некои западни земји со палењето книги од страна на нацистите. – Последниот пат нацистите во Германија, пред речиси 90 години, водеа таква кампања за уништување на една непожелна култура. Добро се сеќаваме на сликите од запалени книги на јавни места, истакна Путин на средба со културните работници. Кремљ денеска оцени дека исклучувањето на Русија од Г-20, како што бара американскиот претседател Џо Бајден поради војната во Украина, нема да биде „фатално“. Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган најави дека во текот на денот ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а во текот на викендот со рускиот претседател Владимир Путин. „Ќе разговарам со Зеленски денеска. Разговорите со Путин се планирани за викендот или почетокот на следната недела. Ќе разговараме за темите од Самитот на НАТО“, рекол Ердоган, одговарајќи на прашања на новинарите во авионот при враќањето од Брисел. Властите на Мариупол денеска соопштија дека околу 300 цивили кои се криеле во подрумот загинале во бомбардирањето на театарот во овој украински град. Меѓународниот комитет за спасување денеска предупреди дека цивилите во Украина се соочуваат со „катастрофална здравствена криза“, додека нападите на здравствената инфраструктура го ограничуваат пристапот до „услуги и материјали за спасување живот“. Нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол најави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. Како што појасни таа, коридорите ќе ги спојат двата града со Запорожје, што е на север и сè уште е под контрола на Украина. Централната банка на Русија одговори на замрзнувањето на резервите, воведе ограничувања на Западот Медведев: Западните санкции нема да влијаат на Кремљ. „Санкциите само ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат незадоволство кај властите“, рече изјави поранешниот руски претседател и заменик претседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев. Руските власти денеска објавија дека со крстосувачки ракети го уништиле најголемото складиште за гориво на украинската војска, во близина на Киев. Украинското обвинителство соопшти дека 135 деца се убиени, а 184 се ранети од почетокот на руската инвазија на Украина. Институтот за проучување на војната од Вашингтон соопшти дека руските сили постигнале напредок во опколениот јужен град Мариупол, влегувајќи во централното подрачје на градот на 24 март. Украина: Го уништивме Саратов, голем брод со 20 тенкови и 400 војници. Рускиот брод носеше оружје и резерви за силите што се борат во Мариупол. Медиумите потсетуваат дека беа објавени драматични фотографии од оган и црн дим, откако украинските балистички ракети го погодија бродот, што пристигна на пристаништето на Азовското Море. Јапонија ќе го замрзне имотот на уште 25 руски државјани и ќе го забрани извозот во 81 руска организација, објави јапонското Министерство за финансии. Со ова, вкупниот број санкционирани Руси се искачи на 101 лице. ОН: Исчезнуваат Украинци во областите под контрола на Русија. ОН потврдија за најмалку 36 случаи на притворени цивили, а семејствата често немаат никакви информации за судбината на заробените. Европскиот совет ја повика Русија веднаш да ги запре своите воени злосторства во Украина. Според ЕС, Русија насочува напади на цивили и цивилни објекти, како болница, здравствена установа, училиште и засолниште. Со санкциите на САД против Русија нема да се постигне целта за поткопување на економијата на земјата, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов. Австралија воведе санкции против белорускиот претседател Александер Лукашенко, поради поддршка за руската инвазија врз Украина. Новите санкции вклучуваат 22 „руски пропагандисти и оперативци за дезинформација“, а меѓу санкционираните се и високи уредници од медиумите Раша тудеј (Russia Today), Фондацијата за стратешка култура (Strategic Culture Foundation), ИнфоРос (InfoRos), ЊузФронт (NewsFront). Порадите жестоките судири околу Изјум, голем дел од градот е уништен, велат градските власти, а новите сателитски снимки го откриваат обемот на уништување на градот во источна Украина.

Остани поврзан