• среда, 25 декември 2024

Русите тврдат дека ја презеле контролата врз село во близина на клучниот град Кураково, во Доњецкиот регион

Русите тврдат дека ја презеле контролата врз село во близина на клучниот град Кураково, во Доњецкиот регион

Москва, 18 октомври 2024 (МИА) - Министерството за одбрана на Русија синоќа соопшти дека нејзините сили ја презеле контролата врз селото Максимилијанивка, на помалку од 10 километри од клучниот град Кураково во источниот регион на Украина, Доњецк.

Секторот Кураково, западно од регионалниот центар Доњецк, контролиран од Русија, е една од централните точки на постојаниот напредок на Русија низ регионот. Русија вршеше притисок да стигне до логистичкиот центар Покровск, на околу 50 километри северно.

Генералштабот на украинската армија, во доцните вечерни извештаи, соопшти дека украинските сили одбиле 36 од 45 обиди за пробивање кај Куракова за 24 часа.

Популарниот украински воен блог DeepState покажа дека контролата врз Максимилијанивка е оспорена. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан