• четврток, 26 декември 2024

Русите соопштија дека собориле украински дронови над регионите Белгород и Курск

Русите соопштија дека собориле украински дронови над регионите Белгород и Курск

Москва, 26 септември 2023 (МИА) - Руските единици за противвоздушна одбрана доцна синоќа одбија неколку напади на украински беспилотни летала над регионите Белгород и Курск, уништувајќи најмалку 11 беспилотни летала, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во неколку одделни објави на апликацијата Телеграм, Министерството објави дека седум дронови биле соборени над Белгородската област и четири над Курската област. Нема информации за евентуална штета или жртви.

Регионите на Белгород и Курск се граничат со Украина и постојано беа цел на напади со беспилотни летала во текот на војната што Русија ја започна против својот сосед во февруари 2022 година.

Украина ретко презема одговорност за напади на руска територија или на територија под контрола на Русија во Украина, но во последниве месеци почна да кажува дека уништувањето на руската воена инфраструктура помага во контраофанзивата на Киев. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан