• петок, 27 декември 2024

Русите собориле две британски ракети „Сторм Шедоу“

Русите собориле две британски ракети „Сторм Шедоу“

Москва, 21 ноември 2024 (МИА) – Руската противвоздушна одбрана собори две британски крстосувачки ракети „Сторм шедоу“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана во редовниот воен извештај.

Системите за противвоздушна одбрана соборија две крстосувачки ракети „Storm Shadow“ од британско производство, шест ракети HIMARS од американско производство и 67 беспилотни летала од авионски тип, се вели во соопштението.

Британските медиуми вчера јавија дека Украина за првпат истрелала проектили „Сторм шедоу“ доставени од Велика Британија кон Русија, откако Киев доби зелено светло од Лондон за употреба на тој вид оружје. јт/

Фото: Руско Министерство за одбрана скриншот 

Остани поврзан