• среда, 25 декември 2024

Русите повторно ги активираа ПВО системите - над Белгород соборени пет украински ракети

Русите повторно ги активираа ПВО системите - над Белгород соборени пет украински ракети

Москва, 2 јануари 2023 (МИА) - Руските сили за противвоздушна одбрана денеска соборија пет проектили над регионот Белгород, соопшти Министерството за одбрана.

Според Министерството, околу 13 часот, украинските сили повторно се обиделе да извршат терористички напад врз цели на руска територија, при што извршиле напад од повеќецевниот ракетен систем „Вилха“.

Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија пет ракети над регионот Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана. Ова е втор денешен напад врз Белгород и околниот регион.

Првиот се случи околу пладне, кога противвоздушните одбранбени системи соборија четири проектили истрелани од ракетниот систем „Алдер“, при што беше повредено едно лице.

Гувернерот Вјачеслав Гладков претходно денеска соопшти дека, според прелиминарните податоци, едно лице е тешко повредено, пренесоа руските медиуми.

Во воздушниот напад на украинските сили врз Белгород на 30 декември, загинаа 25 лица, а околу 90 лица беа повредени. Белгород се наоѓа на западот на Русија, недалеку од границата со Украина.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан