• среда, 25 декември 2024

Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Москва, 25 ноември 2024 (МИА) - Рускиот државјанин Никита Журавел денеска беше осуден на 14 години затвор откако беше прогласен за виновен за велепредавство за наводно испраќање видео од руската војска до украинските разузнавачки служби.

Окружниот суд во Волгоград соопшти дека Журавел „не се согласува со политиката на Руската Федерација“ и дека преку интернет се допишувал со претставник на украинските безбедносни служби и извршувал задачи за него.

Обвинителите изјавија дека Журавел снимил воз полн со воена опрема и воени авиони во 2023 година, а потоа го испратил видеото до претставник на украинската агенција за безбедност.

Журавел веќе отслужува казна од три и пол години за палење на Куранот пред џамијата што му беше изречена во февруари.

Активистите за човекови права велат дека Журавел е политички затвореник и дека бил претепан додека бил во притвор.

Тој беше претепан од 15-годишниот син на Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија. Кадиров дури објави видео на социјалните мрежи и го пофали својот син, што предизвика гнев во јавноста.

Бројот на судења за предавство и шпионажа нагло се зголеми во Русија откако претседателот Владимир Путин влезе во војна со Украина во февруари 2022 година.

Правната дефиниција за предавство е проширена за да го вклучи обезбедувањето на нејасно дефинирана „помош“ за странски земји или организации, што ефективно го изложува на кривично гонење секој што е во контакт со странци. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан