• четврток, 26 декември 2024

Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Москва, 19 април 2024 (МИА) - Истражувачи од Русија минатата недела поставија светски рекорд со скок со падобран спуштајќи од Земјината стратосфера над Северниот Пол. Мисијата служеше и како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, изјави денеска организаторот Никита Цаплин.

Падобранците Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов скокнаа од авион „Иљушин-76“ на височина од 10.500 метри и слободно паѓаа две и пол минути пред да ги отворат своите падобрани на 1.000 метри од земјата. Сите тројца падобранци паѓаа со брзина од повеќе од 300 километри на час, на температура некаде и околу -50 Целзиусови степени, според Цаплин. 

Михаил, Александар и Денис слетале во близина на руската поларна база „Барнео“.

Инаку, стратосферата е слој од атмосферата на Земјата којшто се протега од 10 километри (околу 8 километри на Земјините полови) до 55 километри. Комуникациите на Арктикот ќе стануваат сè поважни бидејќи Русија, САД и Кина се натпреваруваат за ресурси, трговски патишта и воена предност.

- Нашето решение засега е прототип, но сепак се поврзавме со сателитот од нашиот сервер и го извршивме преносот на податоци... Направивме мали чекори во таа насока и тоа беше нашата задача, рече Цаплин.

Компанијата, или системот „Иридиум“ - именувани по реткиот хемиски елемент, работи така што сателитите за комуникација се поставуваат во ниската орбита на Земјата - на височина од околу 781 километар (наместо вообичаените 33.000 км). На тој нов современ начин податоците се пренесуваат на помалите компактни уреди за илјадити дел од секундата.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан