• среда, 25 декември 2024

Руни: Последната сезоната под водство на Мурињо беше најтешка во мојата кариера

Руни: Последната сезоната под водство на Мурињо беше најтешка во мојата кариера

Манчестер, 24 октомври 2024 (МИА) - Голгетерот број еден на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, ја опиша својата прва сезона под водство на Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ како најтешкиот момент во неговата кариера. 

„Специјалниот“ ги презеде „црвените ѓаволи“ во 2016 година и многу брзо го закотви напаѓачот на клупата, а набрзо потоа беше доведен Златан Ибрахимовиќ кој го измести Руни од стартниот тим.

-Жозе ја започна сезоната со мене и Златан во врвот на нападот и се одеше добро до гостувањето кај Норич. Играв лошо, и целата екипа се претстави страшно. Бев многу разочаран бидејќи му дадоа шанса да ме извади од составот, што го направи и јас никогаш не се вратив. Ми беше тешко бидејќи бев капитен и морав секој ден да одам на тренинг и да ставам храбро лице, но не бев среќен затоа што не играв. Разговарав со Жозе во јануари и му кажав дека Евертон ме контактирал и ме сака на позајмица или што и да е за тој месец, но јас сакам да играм. Да бидам фер, тој ми одговори дека можеби ќе му требам на крајот од сезоната и да играм на натпреварите од Лига Европа, па ме замоли да останам до крајот на сезоната и ми вети дека можам да заминам после тоа“, објасни Руни.

Во таа сезона Жозе Мурињо ги освои трофеите во Лига Европа и Купот Карабао, а на крајот од сезоната Руни се врати во Евертон по 13 сезони со „црвените ѓаволи“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан