Румен Радев го врачи вториот мандат за формирање бугарска влада на „Продолжуваме со промената“
- Бугарскиот претседател Румен Радев го врачи вториот мандат за формирање влада на Николај Денков, номиниран за премиер од „Продолжуваме со промената“, јави дописникот на МИА од Софија.
Софија, 3 јануари 2023 (МИА) – Бугарскиот претседател Румен Радев го врачи вториот мандат за формирање влада на Николај Денков, номиниран за премиер од „Продолжуваме со промената“, јави дописникот на МИА од Софија.
Радев рече дека Денков овој мандат го добива на првиот работен ден од новата година, кога традиционално си посакуваме здравје, мир и бериќет и кога на него се гледа со надеж и очекување за повеќе разум, дијалог и разбирање. Тој изрази надеж дека Денков и партијата што ја претставува „Продолжуваме со промената“ ќе ја побараат потребната собраниска поддршка.
Денков рече дека во име на „Продолжуваме со промената“ го прифаќа вториот мандат со јасна свест дека задачата е исклучително тешка и рече дека се убедени дека мора да се направи се што е потребно за да се формира влада.
Денков го информирал претседателот на Бугарија дека одржале консултации со три парламентарни партии – Демократска Бугарија, БСП и Бугарски подем.
„Продолжуваме со промената“, ќе поднесе декларација со националните приоритети до 48. Народно собрание и при гласањето ќе се види дали има мнозинство за поддршка на нивната влада, објасни кандидатот за премиер Николај Денков.
Се очекува гласањето за декларацијата да се одржи на 5 јануари во Народното собрание на Бугарија, но рокот за враќање на вториот мандат според бугарскиот устав истекува на 12 јануари. нк/ссм/