• понеделник, 26 август 2024

Румениге: Бундеслигата е пример за сите други првенства

Румениге: Бундеслигата е пример за сите други првенства
Минхен, 21 мај 2020 (МИА) - Претседателот на Баерн Минхен - Карл-Хајнц Румениге, се надева дека Бундеслигата ќе послужи како пример за останатите првенства во однос на мерките преземени за продолжување на првенството по паузата поради пандемијата. - Бевме први што започнавме и се надевам дека ова ќе послужи како пример за другите земји. „Држам палци“ и за фудбалот во Италија, затоа што тоа е важно, рече Румениге за „Газета дело Спорт“. Бундеслигата беше обновена минатиот викенд пред празни трибини и под строги хигиенски правила. - Ако играчите се одговорни и дисциплинирани, ние имаме шанса да ја завршиме сезоната, додаде 64-годишниот Румениге.

Тагови

Остани поврзан