• среда, 25 декември 2024

Румениге: Не знам дали Баерн ќе го продолжи договорот со Ноер

Румениге: Не знам дали Баерн ќе го продолжи договорот со Ноер

Минхен, 17 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Управниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге ги коментираше информациите за можно продолжување на договорот со голманот на тимот Мануел Ноер.

- Не знам дали ќе го продолжиме. Но, сите во клубот знаат колку тој е важен за Баерн. Речиси е неверојатно како Ноер сега се врати во фудбалскиот стил на Пеп Гвардиола, го цитира „Кикер“ Румениге.

Триесет и осумгодишниот Германец има актуелен договор со Баерн  Минхен до летото 2025 година. 

Ноер одигра 529 натпревари и прими 435 гола, а на 247 натпревари ја зачува мрежата чиста. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан