• среда, 25 декември 2024

Румениге: Интер може да ја освои Лигата на шампионите

Румениге: Интер може да ја освои Лигата на шампионите

Минхен, 5 март 2024 (МИА) - Членот на Надзорниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге е убеден дека Интер може да го освои овогодинешното издание на Лигата на шампионите, не штедејќи ги пофалбите за настапот на „нероазурите“ и работата во клубот.

Румениге беше запрашан од „Газета дело Спорт“ дали Интер е способен оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите. 

- Мислам дека е така затоа што минатата година тие веќе играа во финалето. Во Интер успеаја да изградат добар тим со тренер кој на почетокот немаше голема самодоверба. Наместо тоа, тој има прилично добри односи со својот тим. Скудетото изгледа решено. Тоа е добро изграден тим со голема финансиска интелигенција од мојот пријател Марота, и сето тоа функционира. Инзаги можеби беше потценет до минатата година, по што ги покажа своите квалитети, одговори тој.

Поранешниот директор на Баерн го коментираше и настапот на неговиот тим во поразот од Лацио со 1:0 во осминафиналето на ЛШ и упати пофални зборови за „орлите“. 

- Не е загарантирано дека Баерн ќе напредува во следната фаза. Лацио покажа добра одбрана против Милан, иако загуби речиси во последната секунда со 10, а потоа и со 8 играчи. На последните натпревари Баерн одигра добро само против РБ Лајпциг, на другите не ги покажавме нашите квалитети. Се надевам дека реваншот ќе помине добро за нас, но ќе мора да ги покажеме нашите квалитети кои несомнено ги имаме. Па да се надеваме дека ќе продолжиме понатаму, ќе мора да ја заслужиме победата, истакна Румениге. дс

Фото: Архива

Остани поврзан