• сабота, 27 јули 2024

Рукиќи: Нова лага измама од владата на Курти, Косово е под просечниот економски раст од 4 отсто

Рукиќи: Нова лага измама од владата на Курти, Косово е под просечниот економски раст од 4 отсто

Приштина, 24 јули 2024 (МИА) – Членот на раководството на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), економистот Берат Рукиќи, порача дека економскиот раст не е економски развој, како што тврдат во денешното соопштение од владејачката партија, Движење самоопределување (ВВ) на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Рукиќи, кој до неодамна беше претседател на Стопанската комора на Косово, ја нарече „уште една во низата лаги“ на ВВ денешната објава, во која се вели дека Светската банка предвидела дека „Косово повторно ќе има најразвиен економски развој во регионот за 2025 година“.

Според Рукиќи, со владата на Курти, Косово е под просекот од 4 отсто од економскиот раст, во споредба со просекот што го имаше Косово од прогласувањето на независноста до пандемијата.

Тој во објава на неговата страница на Фејсбук порача дека „еден економски раст кој не ја зголемува благосостојбата на граѓаните, не отвора работни места... - не произведува економски развој“.

- Во девет години од последните 11, Косово има највисок економски раст во регионот, затоа тврдењето на Самопределување е само обид да се измами со овој факт. За „експертите“ на Самопределување една основна лекција: Економскиот раст не е економски развој. Еден економски раст кој не ја зголемува благосостојбата на граѓаните, не отвора работни места, не ги зголемува инвестициите, не го зголемува извозот - (тој економски раст) не произведува економски развој. Впрочем, со оваа влада сме под просечниот економски раст од четири отсто, од просечниот економски раст што го имавме во периодот по прогласувањето на независноста до пандемијата, напиша Рукиќи. иа/

Остани поврзан