• среда, 13 ноември 2024

Руд за прв пат освои титула над категоријата АТП 250

Руд за прв пат освои титула над категоријата АТП 250

Барселона, 21 април 2024 (МИА) - Шестиот светски рекет Каспер Руд попладнево го победи 7-от на светската ранг-листа Стефанос Циципас во финалето во Барселона (7:5, 6:3) и поведе во меѓусебните натпревари на ниво на турнеја (3:2). Тој се реваншираше за поразот минатата недела во Монте Карло.

Во пет натпревари оваа недела, Руд не загуби ниту еден сет. Билансот на Руд во натпреварите со противниците од топ 10 сега е 14:26.

Ова е 11-та титула за Норвежанецот, прва од Серијата 500, вклучувајќи ја и 10-та на земјена подлога. Ова е најголемата титула во неговата кариера, откако претходно загуби седум финалиња над категоријата АТП 250.

Руд е лидер на турнејата кај мажите во победи (29) и финалиња (4) оваа сезона. Сепак, ова е негова прва титула во 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан