• среда, 27 ноември 2024

Ругенат: Економска стабилност преку фискална дисциплина е вистинскиот пат за Северна Македонија

Ругенат: Економска стабилност преку фискална дисциплина е вистинскиот пат за Северна Македонија

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Извршниот директор во Одборот на Групацијата Светска банка – Холандска Конституенца, Јуџин Ругенат вели дека вистинскиот пат за Северна Македонија е економската стабилност преку фискалната дисциплина.

Во интервју за „Гласот на Америка“, Ругенат вели дека Светска банка преку новата Рамка за партнерство ја продолжува 30-годишната поддршка на земјата, која е на вистински пат да спроведе структурни реформи.

- Северна Македонија е на пат на спроведување структурни реформи, и тоа не само економски и за подобрување на конкуреноста на пазарот, туку и во зајакнување на Владата, јавните финансии, создавање фискален простор за инвестиции во инфраструктурата,  во човечки капитал. Но, охрабрен сум од излагањето на министерот за финансии, кој е дел од Владата, што планира економска стабилност преку фискална дисциплина и за нас тоа е уверување дека Северна Македонија е на вистинскиот пат, вели Ругенат.

Тој напоменува дека новата Рамка е поддршка на земјата во спроведување на нејзините приоритетни програми, врз основа на кои се развиени структурните реформи преку кои земјата ќе создаде перспектива за економски раст и стабилност, инвестиции, поголема фискална дисциплина, поголем фискален простор за инвестиции во инфраструктурата, во образованието, во зголемување на конкурентноста на малите и средните претпријатија, но инклузијата и инвестирањето во образованието на жените и младите.

Тоа, според него, е вложување во креативна, позитивна перспектива за државата која ќе значи работни места, поголема отпорност на надворешни потреси, спречување одлив на мозоци, односно целокупно подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. бак/лв/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан