• сабота, 09 ноември 2024

Рубљев ја одби поканата од ИОК, Медведев ќе настапи на Игрите во Париз

Рубљев ја одби поканата од ИОК, Медведев ќе настапи на Игрите во Париз


Париз, 2 јули 2024 (МИА) – Освојувачот на златниот олимписки медал во мешани двојки во Токио, Андреј Рубљев и тенисерките Дарија Касаткина и Ана Калинскаја се меѓу 12. претставници од Русија и Белорусија кои ги одбија поканите од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да се натпреваруваат како неутрални спортисти на Олимписките игри во Париз.
ИОК вчера објави ажуриран список на неутрални спортисти на кој победникот на УС Опен од 2021 година, Даниил Медведев и 22. светска тенисерка Екатерина Александрова се меѓу 31 спортисти кои прифатија да настапат на Игрите во Париз.
Светскиот рекет број 6, Рубљев, Касаткина (ВТА-12.) и Калинскаја (ВТА-18.) ги одбија поканите за настап, заедно со Карен Хачанов и Људмила Самсонова. Белорусинката Викторија Азаренка, која живее во САД и освои злато во двојки и бронза во сингл во Лондон 2012 година, ја прифати поканата, но шампионката на Австралија опен Арина Сабаљенко допрва треба да ја прифати или одбие.
Гимнастичарот Иван Литвинович, кој го освои златото за Белорусија во Токио пред три години и рускиот кануист Алексеј Коровашков, кој освои бронза во Лондон, исто така, се меѓу спортистите кои ја прифатија поканата на МОК.
Спортистите од Русија и Белорусија, поради инвазијата на Украина во 2022 година, нема да учествуваат на Игрите во Париз, освен неколкумина кои ќе се натпреваруваат како неутрални спортисти без знамиња и химни.ег
Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август, а тенискиот турнир е на програмата од 27 јули до 4 август на терените на Ролан Гарос. ег

Остани поврзан