Рубио: Ксенија Карелина, осудена за предавство во Русија, ослободена и на пат за САД
- Ксенија Карелина, руско-американска државјанка, која одлежа 12-месечна затворска казна во Русија под обвинение за предавство, е ослободена и е на пат за САД, објави американскиот државен секретар Марко Рубио.

Вашингтон, 10 април 2025 (МИА) - Ксенија Карелина, руско-американска државјанка, осудена на 12-годишна затворска казна во Русија под обвинение за предавство, е ослободена и е на пат за САД, објави американскиот државен секретар Марко Рубио.
„Американката Ксенија Карелина е во авион на враќање кон дома во Соединетите Американски Држави. Таа беше неправедно задржана во Русија повеќе од една година, а претседателот Трамп обезбеди нејзино ослободување“, напиша Рубио на мрежата X.
Тој додаде дека Трамп „продолжува да се бори за ослободување на сите Американци“, пренесе Си-Ен-Ен.
Карелина (33) беше осудена за предавство, откако донираше нешто повеќе од 50 долари на американска хуманитарна организација која ја поддржува Украина.
Живеела во Лос Анџелес и вежбала балет, а американско државјанство добила во 2021 година.
Таа отпатувала во Русија во јануари 2024 година за да ги посети својата 90-годишна баба, сестра и родители, со планови да се врати во Лос Анџелес по две недели, но била уапсена.
Американските власти за нејзиното апсење дознаа дури на 8 февруари.
Според веб-страницата што ја водат нејзините поддржувачи, се верува дека таа е неправедно уапсена, а нејзиното ослободување е поздравено како дипломатски успех. паг/
Фото: МИА архива