• сабота, 23 ноември 2024

Рубиалес: Не е фер сега да се прогласи крај на лигата

Рубиалес: Не е фер сега да се прогласи крај на лигата
Мадрид, 18 март 2020 (МИА) - Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес го изрази своето мислење за тоа како да се заврши сезоната во Ла Лига. Според него, неправедно е да се остави сегашниот пласман на екипите.. Сезоната беше прекината поради пандемијата на коронавирус. - Сезоната треба да заврши според вообичаените правила, без промени, иако ситуацијата е исклучителна. Сакаме првенството да биде завршено, иако нема гаранција дека тоа ќе се случи пред 30 јуни. Идеално, сите треба да бидат еднакви, сè треба да биде фер. Првенството мора да се добие на теренот. Би било неправедно да се стави крај на првенството на сегашната позиција. Ние треба да го истегнеме календарот колку што е можно, изјави Рубиалес. По 27 кола во Ла Лига, лидер е Барселона со 58 бода, пред Реал кој има 56. зс/

Остани поврзан