• сабота, 23 ноември 2024

РСФ поднесе жалба до МКС за воени злосторства против новинари во Израел и палестинските територии

РСФ поднесе жалба до МКС за воени злосторства против новинари во Израел и палестинските територии

Париз, 1 ноември 2023 (МИА) - Невладината организација Репортери без граници (РСФ) поднесе жалба за воени злосторства извршени против палестински новинари во Газа - трета таква жалба од 2018 година - и против израелски новинар.

„РСФ поднесе жалба  за воени злосторства до Канцеларијата на јавниот обвинител на МКС на 31 октомври 2023 година. Во претставката се опишуваат случаите на девет од новинарите убиени после 7 октомври и двајца повредени во текот на нивните активности“, се вели во соопштението на РСФ.

МКС не е должен да го разгледува случајот.

Според РСФ, од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас убиени се 34 новинари, од кои најмалку 12 биле убиени во текот на нивната работа – 10 во Газа, еден во Израел и еден во Либан. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан