• вторник, 24 декември 2024

РСЕ: Лајчак и Ескобар во Белград и Приштина на крајот на неделата

РСЕ: Лајчак и Ескобар во Белград и Приштина на крајот на неделата

Прага, 16 јануари 2023 (МИА) – Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, заедно со американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кон крајот на оваа недела треба да ја посетат прво Приштина, а потоа и Белград.

Според дипломатски извори во Брисел, на кои се повикува РСЕ, тие ќе бидат во Приштина на 20 јануари.

Според тие извори, целта на посетата е подготовка за следната рунда дијалог на највисоко политичко ниво во Брисел, наведува медиумот. паг/

Остани поврзан