• сабота, 28 декември 2024

РПЦ: Санкциите за патријархот Кирил се „апсурдни“ и „бесмислени“

РПЦ: Санкциите за патријархот Кирил се „апсурдни“ и „бесмислени“
Москва, 16 јуни 2022 (МИА) - Руската православна црква (РПЦ) британските санкции воведени за патријархот на РПЦ Кирил ги оцени како „апсурдни“ и „бесмислени“. - Обидите да се заплаши патријархот на Руската црква или да се принуди да се откаже од своите ставови се апсурдни, бесмислени и бесцелни, изјави портпаролот на РПЦ, Владимир Легоида. Тој додаде дека особено сега црквата е последниот мост, средство за комуникација, што се обидуваат да го уништат и ги осуди „политичките сили чија основна цел е ескалација на конфликтот и оддалечување од мирот“. Според него, целта на санкциите е „да се запре и онака сериозно оштетената комуникација меѓу европската заедница и Русија“. Патријархот Кирил, според официјален Лондон, е санкциониран поради неговата поддршка и одобрувањето на војната во Украина. Велика Британија денеска воведе нови санкции кон Русија, а покрај патријархот Кирил, санкции се воведени и за руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, поради „присилно префрлање и посвојување на украинските деца“. Европска комисија претходно предложи санкции за патријархот Кирил, но Европска Унија се откажа од тоа по спротивставувањето на Унгарија. ми/

Остани поврзан