• сабота, 23 ноември 2024

Роџерс: Би било штета ако Ливерпул не биде прогласен за шампион

Роџерс: Би било штета ако Ливерпул не биде прогласен за шампион
Ливерпул, 1 мај 2020 (МИА) - Брендан Роџерс изјави дека би било „многу жално“ доколку Ливерпул не биде прогласен за шампион во Премиер лигата. Тимот од Мерсисајд имаше импресивно водство од 25 поени на врвот и беше на две победи од првата титула по 30 години, кога првенството беше суспендирано во средината на март заради новиот коронавирус. - Тие беа најдобриот тим во лигата во текот на изминатите 29 кола. Нивото и квалитетот на играта беа навистина импресивни, досега се претставија фантастично. Значи, ќе биде многу жално ако не добијат можност да гокренат толку посакуваниот од сите нивни приврзаници трофеј. Тимот го заслужува тоа, но Јирген Клоп ќе биде исто како и сите други - тој се надева дека фудбалот ќе се врати кога ќе биде безбеден за секого, вели тренерот на Лестер. Роџерс беше крајно блиску до титулата со „црвените“ во 2014 година, кога домашниот пораз од Челси на крајот на сезоната му дозволи на Манчестер Сити да го зграби шампионскиот трофеј. - Едноставно не требаше да бидам шампион тогаш и секако дека има моменти кога се навраќам на таа сезона. Бевме толку блиску и би било брилијантно ако бевме шампиони, но не беше пишано, па затоа продолжуваш понатаму, вели тој. Во меѓувреме, менаџерот ја отфрли можноста за летен трансфер на плејмејкерот на Барселона, Филипе Кутињо, кој претходно играше на „Енфилд“. Бразилецот беше изнајмен во Баерн Минхен за време на тековната кампања и беше строго поврзан со враќање во Премиер лигата. - Прочитав многу шпекулации за младиот Фил. Тој е одличен фудбалер, брилијантен талент, но тој ќе биде прескап за клуб како нашиот, заврши Роџерс.

Тагови

Остани поврзан