Рој Кин: Ковентри изгледаше како тим од Премиер лигата, а Манчестер јунајтед како екипа од Чемпионшип
- Ирскиот фудбалски експерт, поранешен тренер и поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, Рој Кин, се осврна на денешното полуфинале во ФА Купот.
![Рој Кин: Ковентри изгледаше како тим од Премиер лигата, а Манчестер јунајтед како екипа од Чемпионшип](https://new.mia.mk/index.php/images/20240421202559_big_730x400_54.webp )
Лондон, 21 април 2024 (МИА) – Ирскиот фудбалски експерт, поранешен тренер и поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, Рој Кин, се осврна на денешното полуфинале во ФА Купот.
На „Вембли“ Ковентри кој игра во Чемпионшип загуби од фаворитот Манчестер јунајтед на пенали.
- Ковентри изгледаше како тим од Премиер лигата, а Манчестер јунајтед изгледаше како тим од Чемпионшип, изјави Кин по натпреварот.
Во финалето Манчестер јунајтед на 25 мај во Лондон ќе игра со градскиот ривал Манчестер сити. зс/
Фото: ЕПА