• четврток, 26 декември 2024

Ројс ја критикуваше трансфер-политиката на Борусија Дортмунд

Ројс ја критикуваше трансфер-политиката на Борусија Дортмунд
Дортмунд, 16 август 2022 (МИА) - Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ја критикуваше политиката на трансфери на неговиот клуб. - Секогаш е срамота да се види како потпишуваме талентирани млади играчи кои, за жал, сакаат да се развиваат во други клубови за 2-3 години. Пред сезона секогаш има чувство дека сега ќе изградиме навистина силен тим, но се повторно се распаѓа, бидејќи си заминуваат 2-3 важни играчи. Погледнете кој играше за нас во последните години: Халанд, Гундоган, Геце, Санчо, Дембеле. Да останеа во Борусија Дортмунд, ќе можевме да се докажеме во европските натпреварувања. Но, јас разбирам дека ова е бизнис, секој има свои цели, секој носи одлука за себе, ја пренесуваат изјавата на Ројс германските медиуми. Ројс е „дете“ на Борусија Дортмунд кој го напушти клубот во 2005 година и повторно се приклучи во 2012 година. Заедно со тимот двапати го освои Купот на Германија и три пати го освои германскиот Суперкуп. По две кола од сезоната 2022/23, Борусија Дортмунд е на второто место во германското првенство со максимални шест бода од два натпревара. зс/

Остани поврзан