• четврток, 26 декември 2024

Ројс закрепна од повредата и е подготвен да игра за прв пат по седум месеци

Ројс закрепна од повредата и е подготвен да игра за прв пат по седум месеци
Дортмунд, 31 август 2020 (МИА) - Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс целосно закрепна од повредата на бутниот мускул, пренесува Билд. Триесет и едногодишниот играч од средниот ред може да учествува на натпреварот во Купот на Германија против Дуизбург закажан за 14 септември. Натпреварот ќе биде прв за Борусија во новата сезона. - Во неделата, го погледнав тренингот на Марко. Марко зрачи со позитивна харизма, рече спортскиот директор Томас Цорк. Последен пат Ројс влезе на теренот на 4 февруари на натпреварот од германскиот куп против Вердер Бремен (2:3). зс/

Остани поврзан