• среда, 25 декември 2024

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап во Бундеслигата за клубот

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап во Бундеслигата за клубот

Дортмунд, 18 мај 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија. 

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан