• среда, 25 декември 2024

Рохани со критики за судењето на министерот за комуникации

Рохани со критики за судењето на министерот за комуникации
Техеран, 27 јануари 2021 (МИА) - Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска го критикиваше иранскиот правосуден систем поради минатонеделното судење на министерот за комуникации Мохамед Џавад Азари Џахрими, кој беше обвиент бидејќи одби да го блокира Инстаграм и да воведе ограничувања на другите странски социјални мрежи и онлајн комуникацијата. По процесот Џахроми е пуштен на слобода со кауција, а Рохани на денешната владина седница истакна дека тој лично наредил да не се ограничуваат комуиникациите преку странските социјални мрежи. - Ако сакате некого да судите, судете ме мене. Тоа беше моја наредба, истакна Рохани. Под притисок на конзервативниот судски систем иранската Влада долго го блокираше пристапот до голем број интернет-станици и социјални мрежи, како ЈуТјуб, Твитер и Телеграм, додека Рохани оцени дека зајакнувањето на онлајн комуникацијата ќе ја подобри деловната клима и ќе придонесе за ефикасна борба против корупцијата. - Недоволната контрола на содржините, но и онлајн затворањето се подеднакво погрешни, додека конзервативците во иранскиот Парламент одамна тврдат дека социјалните мрежи се дел од прикриената „мека војна“ што Западот ја води против Иран. ми/

Остани поврзан