• четврток, 26 декември 2024

Рохани: Поради санкциите од САД, Иран не може да увезе вакцини против Ковид-19

Рохани: Поради санкциите од САД, Иран не може да увезе вакцини против Ковид-19
Техеран, 27 март 2021 (МИА) - Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека поради американските санкци попречен е увозот на вакцини против Ковид-19. - Нарачуваме вакцини, плаќаме за нив, но пред увозот производителите ни кажуваат дека се плашат од американските санкции, што доведува до пролонгирање или дури до откажување на нарачките. Овој економски тероризам што ни го наметна (поранешниот американски претседател Доналд) Трамп сè уште трае, истакна Рохани. Тој не прецизира за кои земји станува збор, но најверојатно алудираше на Индија, која минатата недела блокира извоз на 370.000 вакцини во Иран, поради санкциите од САД воведени кон Терхеран поради иранската нуклеарна програма. Од почетокот на пандемијата во Иран регистрирани се повеќе од 1,8 милиони заразени со Ковид-19 и над 62.000 смртни случаи. Досега Иран увезе околу два милиони дози вакцини претежно од Русија, од Кина и од Индија, кои се наменети за вакцинирање на здравствените работници. ми/

Остани поврзан