• среда, 25 декември 2024

Росе ќе го продолжи договорот со Лајпциг до 2026 година

Росе ќе го продолжи договорот со Лајпциг до 2026 година

Лајпциг, 12 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Лајпциг, Марко Росе ќе го продолжи договорот со клубот, објави новинарот Николо Шира.

Според него, 47-годишниот Германец ќе потпише договор до 2026 година со можност за продолжување на уште една сезона.

Росе е на чело на Лајпциг од летото 2022 година. Заедно со тимот го освои Купот и Суперкупот на Германија.

За Лајпциг настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас.

На едно коло пред крајот на сезоната во Бундеслигата, Лајпциг е четвртопласиран со обезбедено место во Лигата на шампионите следната сезона. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан