• недела, 28 јули 2024

Рондо доби скршеница на палецот и ќе пропушти два месеца

Рондо доби скршеница на палецот и ќе пропушти два месеца
Орландо, 13 јули 2020 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Раџон Рондо го скрши палецот на десната рака. Тој ќе пропушти 6-8 недели, според инсајдерот на „ЕСПН“ Рејчел Николс. Триесет и четиригодишниот играч се повреди за време на вчерашниот  тренинг во Орландо. Операцијата е закажана за оваа недела. Се очекува Рондо да се врати на теренот на крајот од првото до почетокот на второто коло од плеј-офот. зс/

Остани поврзан