• среда, 18 декември 2024

Роналдо повторно позитивен на коронавирус

Роналдо повторно позитивен на коронавирус
Торино, 27 октомври 2020 (МИА) - Кристијано Роналдо повторно е позитивен на коронавирус и нема да настапи на мечот од Лигата на шампионите против Барселона во среда. Португалецот направи тест за коронавирус за време на репрезентативната пауза и беше позитивен, а пред пет дена направи уште еден и повторно го доби истиот резултат. Првите информации велат дека фудбалерот мора да има негативен тест за коронавирус седум дена пред натпреварот, ако сака да се појави на натпревар. Сега е тестиран 24 часа пред натпреварот и тестот беше повторно позитивен што значи дека го пропушта натпреварот против Лионел Меси.

Тагови

Остани поврзан