• понеделник, 23 септември 2024

Роналдо победата над Ал-Итифак им ја посвети на навивачите

Роналдо победата над Ал-Итифак им ја посвети на навивачите

Ријад, 21 септември 2024 (МИА) - Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е задоволен од настапот на неговиот тим во дуелот со Ал-Итифак и победата од 3:0 во 4. коло на шампионатот на Саудиска Арабија. 

Триесет и деветгодишниот Португалец го отвори резултатот во 33. минута, реализирајќи пенал.

- Одлична тимска работа! Вечерва е извојувана важна победа, таа ја посветувам на навивачите, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Ал-Наср е на 4. место во поредокот на првенството на Саудиска Арабија со осум бодови.

Во тековната сезона, Роналдо настапи на шест натпревари во сите натпреварувања за Ал-Наср, постигнувајќи пет гола и две асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан