• среда, 25 декември 2024

Роналдо останува во Ал-Наср до пензија

Роналдо останува во Ал-Наср до пензија

Ријад, 27 август 2024 (МИА) – Фудбалерот на Ал-Наср и репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо не планира да оди во друг клуб пред завршување на кариерата.

Договорот на 39-годишниот играч со саудискиот клуб е до летото 2025 година.

- Не знам дали ќе се пензионирам наскоро или за две или три години, но веројатно ќе го сторам тоа во Ал-Наср. Среќен сум овде. Ми се допаѓа да играм на ова првенство, сакам да продолжам да го правам тоа, го цитира Роналдо новинарот Фабрицио Романо.

Во новата сезона 39-годишниот Роналдо на три натпревари за Ал-Наср постигна три гола и една асистенција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан