• понеделник, 07 октомври 2024

Роналдо на 37-от роденден: Животот е ролеркостер, на крајот сè се сведува на вредности кои јасно покажуваат дека трудот вреди

Роналдо на 37-от роденден: Животот е ролеркостер, на крајот сè се сведува на вредности кои јасно покажуваат дека трудот вреди
Манчестер, 6 февруари 2022 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо им се заблагодари на навивачите за честитките по повод неговиот 37-ми роденден. - Животот е како ролеркостер. Напорна работа, високо темпо, напорни цели, големи очекувања... Но, на крајот сè се сведува на семејството, љубовта, искреноста, пријателството - вредности кои јасно покажуваат дека сите напори вредат. Ви благодарам за честитките! 37, и ова не е граница! - напиша Роналдо на Инстаграм, објавувајќи фотографија со својата придружничка Георгина Родригез и роденденска торта. Претходно Роналдо изјавуваше дека има намера професионално да игра фудбал најмалку уште 4-5 години. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан