• четврток, 26 декември 2024

Роналдо најдобар фудбалер на векот, Левандовски на 2020 година

Роналдо најдобар фудбалер на векот, Левандовски на 2020 година
Дубаи, 27 декември 2020 (МИА) – Кристијано Роналдо е добитник на наградата „Најдобар играч на векот“ во изборот организиран од „Globe Soccer Awards“. Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски е играч на годината. Триесет и петгодишниот Роналдо ја доби наградата „Играч на XXI век“ (2001-2020) во конкуренција на Лионел Меси (Барселона) Мохамед Салах (Ливерпул) и Роналдињо (поранешен фудбалер на Барселона). Во текот на својата кариера, Португалецот играше за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. Тој стана европски шампион со репрезентацијата на Португалија, ја освои Лигата на шампионите пет пати, стана шампион на Англија трипати, а на Шпанија и на Италија по двапати. Роналдо ја освои Златната топка пет пати. зс/

Остани поврзан