• недела, 28 јули 2024

Роналдо, Меси, Халанд, Бензема, Левандовски и Салах се меѓу финалистите на „Глоуб Сокер“ во категоријата „Најдобар играч на годината“

Роналдо, Меси, Халанд, Бензема, Левандовски и Салах се меѓу финалистите на „Глоуб Сокер“ во категоријата „Најдобар играч на годината“
Дубаи, 3 ноември 2022 (МИА) - Познати се финалистите на Глоуб Сокер наградите во категоријата „Најдобар играч на годината“. Во потесниот избор влегоа: Карим Бензема, Тибо Куртоа (двајцата од Реал Мадрид), Роберт Левандовски (Барселона), Лионел Меси, Килијан Мбапе (двајцата од ПСЖ), Ерлинг Халанд (Манчестер сити), Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед), Луис Дијаз, Мохамед Салах и Садио Мане (тројцата од Ливерпул). Номинирани за наградата играч на годината во избор на навивачите преку Тикток се: Кевин де Брујне, Ерлинг Халанд (двајцата од Манчестер сити), Карим Бензема (Реал Мадрид), Роберт Левандовски (Барселона), Лионел Меси (ПСЖ), Мохамед Салах (Ливерпул) и Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед). Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи во Дубаи (ОАЕ) на 17 ноември. Најтрофеен досега е Кристијано Роналдо - наградата за најдобар играч на годината ја доби шест пати. зс/

Остани поврзан