• вторник, 30 јули 2024

Роналдињо никогаш не тренираше во понеделник, откри поранешен соиграч

Роналдињо никогаш не тренираше во понеделник, откри поранешен соиграч
Канкун, 10 април 2020 (МИА) - Бразилската легенда Роналдињо никогаш не тренирал во понеделникот за време на престојот во Керетаро во текот на сезоната 2014/15. Ова го откри неговиот поранешен соиграч Патрисио Рубио. - Ние секогаш игравме како домаќини во петок, затоа што во Мексико секоја екипа има свој календар за целиот шампионат. По натпреварите Роналдињо изнајмуваше приватен авион и заминуваше во Канкун или Плеја дел Кармен. Тој се враќаше во вторник, а јас никогаш не го видов на тренинг во понеделник. Тој беше врвен фудбалер, изјави Рубио за мексиканска телевизија.

Тагови

Остани поврзан