• среда, 27 ноември 2024

Роналдињо го прослави роденденот со скара во затвор

Роналдињо го прослави роденденот со скара во затвор
Асунсион, 22 март 2020 (МИА) - Еден од најдобрите играчи на 21 век - Роналдињо го слави својот 40-ти роденден со скара во затворот во Парагвај, пренесе „Оле“. Легендарниот напаѓач и неговиот брат Роберто де Азис Мореира се приведени во притвор во Асунсион, откако влегоа во земјата со лажни лични карти. Пред неколку дена, Роналдињо учествуваше на затворскиот фудбалски турнир, а неговиот тим победи и доби награда од прасе од 16 килограми.

Остани поврзан