• недела, 01 септември 2024

Рома ќе му понуди на Мертенс договор на три години

Рома ќе му понуди на Мертенс договор на три години
Рим, 24 април 2020 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома, ќе му понуди на напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, тригодишен договор, објави „Кориере дело Спорт“. Според изворот, римскиот клуб има намера да потпише договор со 32-годишниот Белгиец, чиј договор со Наполи ќе заврши на крајот на јуни 2020 година. Се шпекулира дека Рома ќе му понуди на играчот плата од 3,5 милиони евра плус можни исплати на бонуси. Мертенс има 12 гола и шест асистенции на 29 натпревари за Наполи во сезоната 2019/20. зс/

Остани поврзан