• среда, 25 декември 2024

Рома сака да го продолжи договорот со Пелегрини

Рома сака да го продолжи договорот со Пелегрини
Рим, 3 октомври 2021 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома планира до 2026 година да го продолжи договорот со својот капитен Лоренцо Пелегрини, соопшти клубот од Рим. - Лоренцо на совршен начин ги претставува спортските карактеристики на клубот, и тоа не само како играч, туку и како човек. Тој порасна во Рим, тој е дете на Рома и има цврсти врски со клубот, изјави клупскиот претседател Тијаго Пинто. Пелегрини (25) оваа сезона постигна шест голови и запиша две асистенции во сите натпреварувања. - Тој е квалитетен играч и симбол на Рома, изјави тренерот на римскиот прволигаш Жозе Мурињо. ег/паг/

Остани поврзан