Рома ремизира со Лацио и ја продолжи низата без пораз во Серија А на 16 натпревари
- Рома синоќа одигра нерешено на гости кај Лацио во 32. коло од италијанската Серија А - 1:1.

Рим, 14 април 2025 (МИА) - Рома синоќа одигра нерешено на гости кај Лацио во 32. коло од италијанската Серија А - 1:1.
Дефанзивецот на домаќините Алесио Ромањоли го отвори резултатот во 47. минута. Гостите израмнија преку Матиас Соуле во 69. минута.
Рома (54 бода) останува на седмото место во Серија А. Избраниците на Клаудио Раниери веќе 16 меча по ред немаат пораз во италијанското првенство.
Лацио (56) е на шестото место на првенствената табела. зс/
Фото: ЕПА